Утрински Весник
Македонија

Во вторник и во среда во Скопје ќе се прска против комарци

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци

Скопје, 8  јуни 2019 (/) – Во вторник и во среда на подрачјето на Град Скопје ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против комарци.

– Авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе се одвива на 11 јуни во вторник и на 12 јуни среда, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе почне на 12 јуни и ќе заврши најдоцна до 15 јуни (од среда до сабота), во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден, информираат од Град Скопје.

Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Од Град Скопје апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. сст/аа/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот