Утрински Весник
Македонија

Во Виница се менува ДУП за да се гради затворен градски пазар

Во Виница се менува ДУП за да се гради затворен градски пазар

Виница, 21 јуни 2019 (/) – Општина Виница ги почна активностите за донесување нов Детален урбанистички план (ДУП) за централното градско подрачје, со што ќе се овозможи изградба на затворен Градски пазар и ќе се реконструира објектот Старо кино на истата локација.

На јавната презентација за донесување на урбанистичкиот план за Блок 18 немаше забелешки од надлежните институции и од корисниците на просторот, а од локалната самоуправа беше претставена намерата за целосно менување на постојното урбанистичко решение на стариот плоштад во Виница.

– Целиот простор е поделен на три парцели на кои веќе ги имаме сегашниот отворен пазар, објектот на киното и поранешните турски бањи. Со планот е предвидена градежна маркица за изградба на објект со приземје и три ката, што ќе биде наменет за затворен градски пазар. Ова е еден од клучните капитални проекти што треба да се реализира во наредниот период, поради што очекуваме набргу Министерството за транспорт и врски да го добиеме потребното одобрение. Потоа ќе следи изготвување на проектната документација за објектот, со што ќе овозможиме услови да почне и неговата изградба, истакна градоначаллникот на Виница, Ивица Димитров.

На парцелата за затворениот градски пазар предвидена е изградба на објект со вкупна корисна површина од околу 6.200 квадратни на четири нивоа. Во негови рамки е планиран простор за основната намена за трговска дејност, како и соодветен паркинг за возила.

За реконструкција на Старото кино пак, предвидена е вкупна корисна површина од околу три илјади квадратни метри на приземје и три ката, а со деталниот урбанистички план е решен и сообраќајниот пристап до објектите.

Според најавите од Општина Виница, донесувањето на новиот ДУП се очекува до почетокот на септември, по што ќе отпочне и постапката за изградба на затворениот градски пазар. та/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

150 казни за брзо возење

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава