Утрински Весник
Македонија

Во Велес почна првата меѓународна скулпторска колонија

Во Велес почна првата меѓународна скулпторска колонија

Велес, 25 јуни 2019 (/) – Во Велес започна со работа првата скулпторска колонија на која учествуваа скулптори од Бугарија, Хрватска и нашата земја. Колонијата ја организира Општина Велес на иницијатива на градоначалникот Аце Коцевски, а се одржува в просториите на „Пескара Вел“ и ќе трае до 7 јули.

Како што информираат денеска од Општина Велес, на колонијата  учествуваат скулптприте Горан Ѓорев  од Демир Капија, Горан Стаменков од Скопје, Илчо Стојановски  од Велес, Весела Стаменова  од Софија, Р. Бугарија), Павел Василев, исто така од Софија, Р.Бугарија и Никола Ненадиќ  од Риека, Р.Хрватска).

Како што појасни за / Илчо Стојановски скулптор учесник и раководител на колинијата, уметниците – скулптори за време на својот престој на колонијата во Велес веќе почнале со изработка на скулптури во мермер  и старо железо на своја тема и инспирација, а кои потоа бидат во сопственост на Општина Велес.

-По завршувањето на скулпторската колонија, сите изработени уметнички дела ќе бидат поставени на повеќе јавни површини во Велес, информира Стојановски.

Инаку оваа колонија на Општина Велес, финансиски е поддржана од Министерството за култура, а се реализира во соработка со фондација „Фокус” од Велес. ад/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10 отсто

Средба на ОБСЕ Тројката Османи -​ Рау – Билстром, во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“