Утрински Весник
Македонија

Во Велес почна Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2019“

Во Велес почна Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2019“

Велес, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Фестивалот стартува со традиционално дефиле на сите учесници  низ велешките улици се до бината во амфитеатарот на Младинскиот парк каде се одржа свеченото отворање и првата фестивалска вечер.

Настапија домаќините од Фолклорниот ансамбл „Вила Зора“, а потоа фолклорните групи:„Санта Луција“ од Сардинија –Италија, КУД „Свети Сава“ од Република Српска БиХ, КУД „Кочо Рацин“ од Скопје,„Пржигда“ од Полска и Х.Е.М од Турција.

Томе Јаневски претседател на организациониот одбор,во своето обраќање истакна дека фестивалот е мост меѓу народите и со години наназад го носи приматот на најпосетена културна манифестација во текот на годината во Велес, а која брои повеќеилјадна публика на четирите фестивалски вечери.

Фестивалот ќе трае до 6 јули, а годинава учествуваат вкупно 17 ансамбли од кои 11 се од земјава и шест од странство од Италија, Полска, Република Српска-БиХ, Хрватска, Бугарија и Турција.

На програмата, вечерва во 20>30 часот на истата сцена во Младинскиот парк ќе настапат „Распеани велешани“,Фолклорните групи „Морава“ од Бугарија и Х.Е.М. од Турција.ФГ „Санта Луција“ од Сардинија Италија, КУД „Свети Сава“ Р.Српска БиХ, ФГ „Пржигода“ од Полска и  Фолклорниот ансамбл „Китка“ од Ораовица Радовиш.

Фестивалот со 600 илјади денари го финансира Општина Велес плус 50 илјади од стопственици од регионот,а за првпат изостана финансиската подршка од Министерството за култура.ад/сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

108 санкционирани возачи во Скопје

Без струја делови на Аеродром, Кисела Вода и Карпош