Утрински Весник
Македонија

Во Велес отворена стрип изложба на млади автори од Велес,Куманово и Кавадарци

Во Велес отворена стрип изложба на млади автори од Велес,Куманово и Кавадарци

Велес, 11 јули 2019 (Утрински Весник) – Изложба на стрипови на млади автори синоќа беше отворена во Ликовниот салон во Велес. Изложбата е дел од проектот „Стрип училиште-стрипот во интеркултурна едукативна мисија“ на Стрип-Центарот на Македонија од Велес, а на неа учествуваа млади автори, основци и средношколци  од Велес, Куманово и Кавадарци.

За време на дводневното стрип- училиште, 25 и 26 јуни, во Ученичкиот интернат во Велес млади автори од разна етничка припадност од трите градови, твореа стрипови на разни теми.

Ване Трајков, претседател на СЦМ-Велес, појасни дека целта на стрип-училиштето била младите талентирани уметници да научат некои финеси од стрипот и уште повеќе да го засакаат и да се насочат кон стрип- творештвото.

Проектот, кој е финансиран од Министерството за култура во рамките на програмата за интердисциплинарни дејности, ќе заврши до крај на месецот.

Синоќешната беше првата од трите планирани изложби до крајот на  јули.

По Велес, вакви изложби ќе бидат отворени и во Куманово и Кавадарци, односно во  градовите од  каде беа останатите учесници на стрип училиштето. ад/ир

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Арсовска им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни и да престанат да саботираат

Нуркачи и кучиња трагачи се вклучени во потрагата по момчето кое исчезна во Вардар