На овие работилници под менторство на ликовните педагози Елена Димова Пантелиќ и Драганчо Таневски, на Колодезни и на нејзините колешки дефектолози Марија Давчевска и Живка Панова Саздова, учесниците се запознале со творење во техниките сликање со акварел, водени бои и акрилни бои. Воедно изработувале експонати со графичката техниката монотипии, и моделирале форми и експонати со глина и гипс
-Целта на проектот е подобрување на социјалната инклузија на деца и млади со попреченост на возраст од 13 до 15 години преку ликовно творење со нивни врсници со нормален развој, потенцира Колодезни.
Таа од нејзиното 19-годишно искуство и секојдневниот контакт со оваа група на ученици, оценува дека овие деца и млади имаат неверојатен талент и уште поголема мотивираност за творење, желба за другарување и потреба за самодокажување. Појаснува дека инклузијата на лицата со попреченост е тренд на современото општество, но во реалноста многу малку е применета во вистинската смисла на зборот.
-Проблемот со нивната инклузија во најголема мера ја гледам во неприфаќањето на лицата со попреченост од страна на другите лица во општеството, како и нивното недоволно вклучување во повеќе сегменти на општественото живеење, вклучително и разни уметничко-креативни активности, оценува Колодезни.
Воедно потенцира дека преку вакви и слични работилници, спортски и други културни и други манифестации кои ги организирала, а во кои заедно биле вклучени врсници-децата од редовните и децата од посебните основни училишта, многу полесно и поедноставно се прифаќаат овие лица.