Утрински Весник
Македонија

Во Велес зголемен број повици за итна помош

Во Велес зголемен број повици за итна помош

Велес, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Екипите на Брза помош деновиве поради топлотниот бран добиваат зголемен број повици од граѓани.

Како што информира за Утрински Весник д-р Васе Пановска од Службата за Брза помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес, најчесто се случуваат колабирања, а има и пациенти со мозочни удари и прединфаркти кои итно се носат во велешката Општа болница.

Пановска препорачува поголемо внесување течности, вода, овошје и зеленчук, како и избегнување мрсна храна.

-Посебно на внесување течности да внимаваат лицата со низок и восок притисок. Хроничните болни да ја земаат пропишаната терапија и да избегнуваат престој на отворено од 12 до 17 часот, истакнува докторката. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“