Утрински Весник
Македонија

Во Велес заврши реконструкцијата на сообраќајницата кај бензиската на „Црна Река“

Во Велес заврши реконструкцијата на сообраќајницата кај бензиската на „Црна Река“

Велес, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Сообраќајницата кај бензиската на „Црна Река“ која е една од најфрекфентните во Велес е комплетно реконструирана со изградба на  две нови островчиња, проширена е лентата  од улица „АСНОМ“ кон улицата „Андон Шурков“, а  поставена е соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација.

Со ова од денеска понатаму во многу ќе се зголеми безбедноста и на возачите и на пешаците.

Како што појаснуваат за Утрински Весник, од Одделението за комунални работи и сообраќај на Општина Велес, со нејзина реконструкција се прави точно дефинирање на страната на првенство на минување за возачите и воедно се зголемува прегледноста при маневрирање и заштитата на движење на пешаците.

Нејзината реконстрикција, што ја изведе ГП „Изгрев“ во вредност од 873 илјади денари, е обезбедена од буџетот на Општина Велес.

Од Одделението за комунални работи и сообраќај за Општина Велес најавуваат реконструкција и на фрекфентните сообраќајници кај поштата и кај ДОЗ. ад/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран