Утрински Весник
Македонија

Во Велес дводневна меѓународна конференција за рамномерен регионален развој

Во Велес дводневна меѓународна конференција за рамномерен регионален развој

Велес, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Во изминатите десет години во земјава неефикасно делувала Стратегијата за рамномерен регионален развој, која требаше да ги избалансира разликите меѓу развиените и неразвиените региони. Како последица од тоа разликите меѓу Скопје и другите региони во земјава сега се уште поголеми.

Ова на денешнаата кофереција во Велес го констатира новоименуваниот министер за локална самоуправа Горан Милевски, кој најави дека од понеделник ќе се распише тендер со кој треба да се изработи новата Стратегија за рамномерен регионален развој во земјава за наредните десет години.
Во прилог на тоа, како што појасни, треба да се направи анализа на старата стратегија.
Министерот Милевски нагласи дека е важно да се најдат пропустите, а потоа решенијата да бидат вградени во новата стратегија.

Тој најави дека иако оваа стратегија доцни, ќе вложи напори таа  да биде готова до 1 ноември и да се пушти во владина и собраниска процедура. Потенцира дека Стратегијата за рамномерен регионален развој е важна бидејќи од нејзината реализација зависи и финансирањето на општините за наредната година.

-Развојот е еден од врвните приоритети на Владата, а уште повеќе рамномерниот развој. Регионалната политика е една од главните столбовите на ЕУ. Важно е нашата национална политика на рамномерен регионален развој да биде дел од регионалната политика на ЕУ. Тоа ќе значи и многу повеќе средства за голем проект од предпристапните фондови на Унијата, потенцира Милевски.
Министерот информира дека со финансиска поддршка на Програмата за рамномерен регионален развој на МЛС во моментов во осумте плански региони во земјава се реализираат 43 проекти.

-На денешната седница Владата ќе ја усвои и Одлуката за финансирање на проектите за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби. Станува збор за нови 74 проекти, а тоа значи решавање на 117 прашања од локално значење до крајот на годинава, информира Милевски.

Тој информира дека во мандатот на оваа Влада, средствата за поттикнување на рамномерен регионален развој се зголемуваат секоја година. Така, рече, во 2019-та тие се двојно зголемени во однос на буџетската 2017 и сега изнесуваат 423 милиони денари или седум милиони евра.

Амбасадорката на Швајцарија во Скопје Сибил Сутер Тејада рече дека постои дисбаланс меѓу планските региони во Северна Македонија, бидејќи, како што рече, некои центри добиваат повеќе средства од Владата во однос на други. Го подржуваме, рече, Министерството за локална самоуправа и обезбедуваме грантови за различни плански региони.

Во своето излагање на конференцијата експертот за регионален развој и локална самоуправа Билјана Цветановска Гугоска проекен менаџер во УНДП, како една од мерките за подобрување на состојбите, предложи 75 проценти од средствата од сите фондови да одат за најсиромашните региони во земјава каде што финансиска помош за нивни развој  е и најпотребна. ад/сст/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом