Утрински Весник
Македонија

Во Бигорски отворена изложба на древни носии од дебарско-реканскиот крај

Во Бигорски отворена изложба на древни носии од дебарско-реканскиот крај

Дебар, 7 јули 2019 (Утрински Весник) – Познатото македонско древно светилиште манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир денеска ја одбележа својата втора манастриска слава, Денот на раѓањето на светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован.

Манастирот беше преполн со верници уште од синоќа кога беше отслужено сеноќно бдение, а посетеноста беше уште поголема денесека кога со Светата архиерејска празнична литургија чиноначалствуваше Митрополитот дебарско – кичевски г. Тимотеј.

Одбележувањето на манастирската слава беше збогатено со изложба на стари традиционални македонски носии од дебарско-реканската етнографска целина. Претставени се носии на Мијаците од областите: Река, Азот и Железник, како и носии од Дебарско Поле, Голо Брдо, Дебарски Дримкол и Горна Река,како и Мијаците Смилево,Крушево и Папрадиште.

Станува збор за 11 комплети најстари носии, коишто хронолошки можат да се следат од 17 до 19 век. Изложбата ќе биде отворена два месеца,јул и август. Најголем број од носиите се невестински, но има и момински.

Изложбата поставена во манастирката галерија е плод на повеќегодишната соработка на бигорскиот старец и игумен, Архимандрит Партениј, со ансамблот „Македонија“, предводен од неговиот уметнички менаџер, проф. д-р Владимир Јаневски. вт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието

Грковска – Ќехаја: Ефикасни антикорупциски политики, јакнење на интегритетот и транспарентноста се предизвици за сите земји од регионот