Утрински Весник
Македонија

Во Берово се одржаа 24-тите регионални спортски игри за пензионери

Во Берово се одржаа 24-тите регионални спортски игри за пензионери

Берово, 12 јуни 2019 (/) – Над 350 пензионери од Берово, Пехчево, Кочани, Виница, Македонска Каменица и Делчево, денеска беа дел од 24-тите Регионални спортски игри кои се одржаа во Берово.

Годинешното мото на игрите, како што истакна Станка Трајкова, претседател на Сојузот на здруженија на пензионери од Македонија е „Забава, спорт, здравје“.

– Овие спортски игри упатија јасна порака дека не можеме да го спречиме стареењето, но од нас зависи, колку ќе остариме. И овие игри покажаа дека пензионерите, се уште можат да се натпреваруваат во различни дисциплини и да постигнуваат солидни резултати. Самиот факт што денес го имавме највозрасниот пензионер кој и на 80 години сé уште се натпреварува, го потврдува кажаното, истакна Трајкова.

Во рамки на натпреварите денеска се играше шах, табла, домино и пикадо.

-Имаше и атлетика, гаѓање со воздушна пушка, тегнење на јаже, скок во далечина, фрлање кош и шутирање на гол. И овојпат имаше спортски дух, многу дружење и спортување. Резултатите се во втор план, бидејки сето тоа е важно, за зачувување на здравјето, истакна претседателот на Здружение на пензионери Берово, Васе Механџиски.

Додаде дека Здружението на пензионери од Берово ги започнало своите активности во 1965 година, како граѓанска организација, за денес да прерасне во современа граѓанска асоцијација со 2.500 членови.

На денешните пензионерски спортски игри учествуваа 55 пензионери од Берово, а за најдобрите од регионот беа обезбедени пригодни награди. вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар