Утрински Весник
Македонија

Во Берово акција за откривање крадци на струја

Во Берово акција за откривање крадци на струја

Берово, 8 јули 2019 (Утрински Весник) –  Општина Берово во рамки на своите надлежности започна акција за откривање крадци на струја. Во соопштението до јавноста, од Општина Берово истакнуваат дека кај лицата кај кои ќе биде констатиран див приклучок, тие ќе бидат исклучени од електричната мрежа.

– Со цел запознавање на граѓаните со последиците кои произлегуваат од ваквиот незаконски начин на снабдување со електрична енергија, Општина Берово ги известува сите граѓани, дека физичките и правни лица, кај кои во иднина ќе биде констатиран див приклучок на електрична енергија, од системот на јавно осветлување,истите од страна на екипите на Општина Берово, ќе бидат исклучени од мрежата. Казнениот законик е ригорозен, против сторителите на овој вид на прекршок и предвидува казна затвор до три години и парична казна, посочуваат од Општина Берово.

Ако вредноста на украдената електрична енергија е поголема, како што додаваат од  Општината, сторителот ќе се казни со затвор до пет години и со парична казна, додека ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Овие акции, додаваат, се реализираат откако при неколку контроли забележано дека физички и правни лица, на незаконски начин, директно од системот за јавно осветлување, илегално се вклучиле во електричната мрежа. вс/цр

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео)Тренчевска: Социјална реформа на дело – проширен капацитетот на градинката во Крива Паланка за нови 102 дечиња

Ласовска: Одбиените амандмани се од интерес на граѓаните, колегите од мнозинството не работат за народот

57-годишна битолчанка тешко повредена по удар од автомобил