Утрински Весник
Магазин

„Вондер воман 1984“ трета недела на врвот на боксофисот во Северна Америка

„Вондер воман 1984“ трета недела на врвот на боксофисот во Северна Америка

Вториот дел од трилогијата за жената-чудо е филм со најголема заработка на киноблагајните во време на пандемија, по неговото деби на Божиќ.

Трет викенд по ред, „Вондер воман 1984“ го задржува првото место на северноамериканскиот боксофис.

Филмот изминатиов викенд заработи нови 3 милиони долари, што е за 47 проценти помалку од минатата недела.

Блокбастерот со Гал Гадот во главната улога досега има заработено кумулативни 32,6 милиони долари на домашен терен. По одлука на студиото „Ворнер брос“, новиот филм за суперхероината Дајана Принс премиерно се прикажа и на стриминг-сервисот „Ејч-би-о макс“.

А што се однесува до некои податоци за филмската индустрија генерално, бруто приходите драматично паднаа изминатиов викенд – деновите кои медиумите ги нарекоа „мрачен викенд“ за киносалите.

Некои портали објавија дека вкупните приходи паднале за 93 проценти во споредба со истиот викенд пред пандемијата во 2020 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста