Утрински Весник
Спорт

Волф: Не преговараме со Верстапен

Волф: Не преговараме со Верстапен

Бракли, 30 јуни 2019 (/) – Мерцедес не преговара со Макс Верстапен, категоричен е шефот на тимот, Тото Волф, откако беше запрашан дали има интерес за привлекување на холандскиот млад пилот во шампионот на Формула 1.

Пилотот на Ред Бул, кој ќе тргне од првиот ред на денешната ГН на Австрија, има договор со овој тим до 2020-та.

– Не сум разговарал со Макс. Сакам да продолжам да работам на начинот на кој секогаш сум го правел. Прво да ги проценам нашите сегашни пилоти и да разговарам за нивните ставови за иднината, а дури потоа да остварам разговори со некој надвор од тимот, изјави Волф пред Гран при на Австрија.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања