Утрински Весник
Македонија

Волонтерите од „Не биди ѓубре“ чистеа вторпат во Куманово

Волонтерите од „Не биди ѓубре“ чистеа вторпат во Куманово

Куманово, 7 јули 2019 (Утрински Весник) – Десет волонтери од граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ од Куманово денеска ја исчитија локацијата кај улицата „Доне Божинов“. Во акцијата се собрани  околу 40 вреќи со ѓубре, два фрижидера, една тракторска приколка со трева.

– Во акцијата учествуваа само граѓани, а од советниците не присуствуваше ниту еден. Продолжуваме понатаму за време на викендите, изјави Андријана Колевска од иницијативата „Не биди ѓубре“.

Во претходната акција што се организираше минатата недела кај регионалниот пат Куманово – Свети Николе волонтерите, тогаш со поддршка на комуналното претпријатие „Чистота и зеленило“, собраа и изнесоа околу 300 тони смет и шут. ам/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“