Утрински Весник
Спорт

Вокер останува „граѓанин“ до 2024-та

Вокер останува „граѓанин“ до 2024-та

Манчестер, 19 јуни 2019 (/) – Десниот бек на Манчестер Сити, Кајл Вокер официјално повторно потпиша со граѓаните, а неговиот нов договор е до летото 2024 година.

Англискиот репрезентативец им се придружи на „небесно-сините“ во јули 2017 година од Тотенхем и брзо се етаблира како стартер кај Пеп Гвардиола.

За две години во тимот тој има точно 100 натпревари на сите турнири, освојувајќи ја двапати Премиер лигата и Лига Купот, и по еднаш ФА Купот и „Комјунити Шилд“.

– Возбуден сум што потпишав нов договор. Играњето за Сити е сè што сум се надевал дека ќе биде, дури и повеќе. Тоа беше лесна одлука. Сакам да се натпреварувам за трофеи и да играм на највисоко ниво. Чувствувам дека значително се подобрив како играч, откако сум тука. Визијата на клубот, и на и надвор од теренот, совршено ми одговара. Не можам да дочекам да ги поминам следните пет години тука и се надевам дека ќе освојам повеќе трофеи, сподели Вокер за веб-страницата на клубот.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Швајцарија ги искористи сите „дупки“ во одбраната на Србија за осминафинале, Камерун прв го победи Бразил!

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Роналдо откако се откажал од 16 милиони фунти од Јунајтед пратил порака: Слободен како птица