Утрински Весник
Македонија

Возило излета во реката Пена – една жена загина, тројца се повредени

Една жена загина, а три лица се повредени кога воизло излетало во реката Пена. Како што информира полицијата, синоќа во 23.00 часот пред угостителски објект на локален пат Тетово- Бањиче, возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ш.Г.(32) од селото Лисец излетало од патот во коритото на река Пена.

Во незгодата од здобиените повреди на лице место починала сопатничката М.К.(44) од Тетово, а смрт е констатирана од доктор од итна медицинска помош. По незгодата со возило на итна медицинска помош, Ш.Г. и сопатниците Ш.К.(19) од Тетово кај која од доктор се констатирани тешки телесни повреди и Б.Е.(34) од Гостивар се пренесени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е пренесено во Клиничката болница во Тетово – Оддел за судска медицина за да се изврши надворешен преглед од доктор.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Владата ја усвои новата стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија: Обврзани сме да помагаме во решавање на проблемите

Џабир Дерала: Сакаат да ме замолчат, јас сè уште зборувам