Скопје, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Возач на влекач „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки, доцна синоќа, половина час по полноќ, откако платил патарина на наплатната станица „Градско“ и продолжил, со десната страна од возилото удрил во наплатната кабина.
Како што соопшти МВР, од ударот е причинета штета на кабината, а возачот, чиј идентитет се уште не е познат, не застанал, туку се упатил кон Велес.
Увид на местото извршила екипа на СВР. Се работи на расчистување на случајот. мч/ац/