Утрински Весник
Македонија

Водата во велешкото езеро „Младост“ исправна за капење и рекреација

Велешкото езеро „Младост“ една година без концесионер

Велес, 26 јуни 2019 (/) – Според последните анализи на водата од рекреатвното езеро „Младост“за месеците мај и јуни земени од стручни екипи при ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес на трите мерни места покрај езерото „Младост“ – Хотел „Романтик“, Мотел “Бела вода“ и Бродот „Панини“ водата била во прва и втора класа, а што според стручњаците од оваа јавна здраствена установа значи дека во однос на микробиолошките индикатори  водата е исправна за капење.

Во однос на физичко –хемиските индикатори било утврдено дека водата во езерото е во прва и втора класа што значи исправна за капење и рекреација. Инаку извесни отстапувања имало за вредностите на матност на водата кои се движеле од трета до петта класа, за сатурација од трета  до четврта класа и во однос на присуство на амоњак во трета класа, но тоа според стручњацте не придонело за менување на квалитетот на водата за капење кој според нив е одличен.

Од Општина Велес информираат дека сите поголеми угостистелски објекти се приклучени на Регионалниот колектор за фекална канализација кој минува околу езерото.

Тие појаснуваат дека  во периодот кој претстои ќе се изврши предавање на колекторот на стопанисување на ЈКП „Деревен“, а  за што била започната постапка од страна на општината.

Општина Велес апелира до граѓаните и сите рекреативци и посетители, совесно да се однесуваат при престој на езерото „Младост“ во непосредна близина на Велес да ја чуваат животната средина околу него и во самото езеро и да не ја загадуваат водата. ад/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието

Грковска – Ќехаја: Ефикасни антикорупциски политики, јакнење на интегритетот и транспарентноста се предизвици за сите земји од регионот