Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНE: Наводниот раст од 4,1 отсто е уште една голема лага

ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да се одмори и тоа по можност на подолго време

Скопје, 8 јуни 2019

Република Македонија од ден во ден е се посиромашна. Шаторите на работниците од Еурокомпозит пред влада потсеќаат на едно мрачно минато.

Десетици работници од Прилеп поради безизлезноста во која ги втурна Заев сега ноќеваат пред влада.

Колку успешна е економската политика на Заев се гледа и по се пополните автобуси со млади луѓе кои ја напуштаат Македонија.

Доколку Македонија оди напред болни деца ќе се лечат со пари од ФЗО, а не со СМС пораки.

Вистинската слика за економијата не е розева како што Зоран Заев и неговите перјаници се обидуваат да претстават.

Наводниот раст од 4.1% е уште една голема лага. Растот е во проценти толкав само затоа што лани беше катастрофално низок.

Граѓаните не гледаат со розевите наочари на Заев. Граѓаните ја живеат суровата реалност секој ден. Заев треба да си замине, затоа што не постигна никакво реално подобрување на животот на граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

________________________________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонската армија е во Турција: Секој момент е драгоцен

130 сообраќајни прекршоци во Скопје, 11 без возачка дозвола

Без струја повеќе делови на Скопје