Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пописот во нормална држава ја одредува насоката во која се движат државните политики

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ го уништи здравствениот систем

Скопје, 11 јуни 2019

Власта продолжува со самоволието и спроведувањето штетни политики со единствена цел, Зоран Заев да ја зачува својата фотелја на Илинденска б.б.

Пописот е статистичка операција од големо значење за државата, операција која во една нормална држава ја одредува насоката во која ќе се движат државните политики. Во Република Македонија, Зоран Заев пописот го разбира како политичка алатка која му служи за исплата на политичките концесии кои го донесоа овој човек на власт.

Во ниту една европска држава не се попишуваат матични броеви туку домаќинства и граѓани. Препораките на Еуростат не велат дека една земја аспирант за членство во Европската Унија треба да попишува матични броеви. Заев продолжува со злоупотребата на државните и националните интереси со единствена цел останување на власт, а распродажбата на истите веќе му поминува во навика.

Аболицираниот Заев по кој знае кој пат го покажува недостатокот на Европските вредности. Криминалната банда на власт повторно на шверцерски начин протуркува уште едно погубно законско решение за македонската држава. Опозицијата повторно е исклучена од ваквиот процес за носење на закон кој е од суштинско значење за државата. Ваквото однесување на власта е недозволиво. Зоран Заев ризикува повторно да се соочи со гневот на народот, како што тоа се случи со неуспешниот референдум за промена на името. Крајот на криминалната банда е близу.

Што и да направи аболицираниот Заев тоа нема да го пролонгира крајот на неговата политичка кариера, тој за граѓаните е прочитана книга. Само кога Заев ќе замине од политичката сцена во државата, Македонија ќе има шанса да се врати на вистинскиот пат на реформи, економски просперитет и добробит за македонските граѓани.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните