Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту еден пат со кој се фали Заев не е нов проект

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд во која ја обжалува одлуката на ДИК

Скопје, 6 јули 2019

Кога наместо на работа, ќе се удри на трубачи и алкохол, како производ излегува соопштение како денешното од СДСМ.

Што побргу се отрезнат, тоа подобро за државата. Две години освен крадење, Заев камен не фрли, ниту пајка закова, а го троши рекордно најголемиот буџет во историјата на Македонија.

Нивото е капитални инвестиции е ужас!

Време е СДСМ да престане да ги манипулира граѓаните на Република Македонија.

Граѓаните многу добро знаат дека автопатите и магистралните патишта со кои што СДСМ се фали се отпочнати во време на ВМРО-ДПМНЕ, а голем дел од нив се доведени во финална фаза на реализација.

Откако Заев дојде на власт патиштата беа неосновано запрени подолг временски период.

Автопатот Демир Капија-Смоквица, е проект целосно реализиран во време на ВМРО-ДПМНЕ, неговото пуштање во употреба неосновано се одложуваше повеќе од 10 месеци поради неспособноста на Заев и неговите министри.

СДСМ неосновано ја запираше и изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Со што го пролонгираше само рокот на нивно завршување и пуштање во употреба, особено на патот Миладиновци – Штип.

Ниту еден пат со кој се фали Заев не е нов проект. Овие патишта се проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните не се со кратка меморија и знаат, кој што и кога направил за Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________

Утрински Весник овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром