Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Има или нема истрага за наводите дека медиумски газда со високи функционери на СДСМ рекетираат фирми и бизнисмени низ Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не мораше физички да биде присутен на инаугурацијата на Пендаровски

Скопје, 28 јуни 2019 

Има или нема истрага за наводите дека медиумски газда со високи функционери на СДСМ рекетираат фирми и бизнисмени низ Македонија!? Заев и Јавното обвинителство – испостава на СДСМ, мора да одговорат, кој кого лаже и кој кого крие во случајов?

Доколку има истрага од каде му на Заев информации, доколку нема што чека Јавното обвинителство до сега?

Доколку се точни наводите на Јавното обвинителство дека нема истрага тогаш неговото постапување се претвора во комедија, се гонат лица од ВМРО-ДПМНЕ, а не смее да се отвори истрага против функционери на СДСМ. Да не беше трагичнио ќе беше смешно!

Цела држава бруи за рекетот кој го прават неколку партиски функционери на СДСМ со еден медиумски газда, а Јавното обвинителство вели дека истрага се уште нема.

Кого и зошто чека Јавното обвинителство и зошто нема истрага за рекетот, за кој со денови пишуваат медиумите, што треба да се случи за да имаме истрага?

Двојните аршини се само показател дека нема владеење на правото, туку дека политиката одлучува во Македонија. Безаконието и неказнивоста мора да запре. Одговорност ќе има за сите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“