Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се фали со наши проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не мораше физички да биде присутен на инаугурацијата на Пендаровски

Скопје, 7 јули 2019

Заев откако стана премиер единствено се фали со проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

Капиталните инвестиции се на најниско ниво во историјата на Република Македонија.

Неспособноста на Заев оди до таму што не може да ги заврши проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна, а тешко му оди и пуштањето во употреба на готовите проекти кои им ги остави владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ па одолговлекува.

Заев заборави на ветените 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта кои јасно ги ветуваше пред изборите од пред две години.

Автопатот Демир Капија-Смоквица, е проект кој што беше реализиран во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото пуштање во употреба се одложуваше повеќе од 10 месеци поради неспособноста на владата на СДСМ.

Заев ја запираше и изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Неосновано се пролонгираше рокот на нивно завршување и пуштање во употреба.

Но сите овие проекти со кои Зоран Заев и неговите министри се фалат се на ВМРО-ДПМНЕ. Овој факт не може да се оспори и граѓаните добро знаат кој ги изгради овие автопатишта, залудни се трубачите на Заев.

Граѓаните имаат добра меморија и знаат кој што има изградено.

Граѓаните видоа дека за две години власт на Заев, освен крадење ништо друго не стори. СДСМ и Зоран Заев докажаа дека не можат да реализираат апсолутно ништо.

Граѓаните на Република Македонија ќе го казнат СДСМ за нивните лаги и злодела.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

Утрински Весник овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата