Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Владата ја претворија државата во дувло на криминал и корупција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не мораше физички да биде присутен на инаугурацијата на Пендаровски

Скопје, 9 јули 2019

Македонија е загубена држава со Зоран Заев на власт. Зоран Заев и криминалната влада која ја води ја претворија државата во дувло на криминал и корупција. Наместо кривични постапки против функционерите во власта имаме амнестирања од страна на премиерот.

Зоран Заев е единствениот неколкукратно аболициран премиер во Европа, тој е човекот кој ги амнестира од одговорност и криминал сите функционери во неговата влада фатени во сомнителни работи, зделки и потфати.

Зоран Заев го амнестира Драги Рашковски. Заев не побара оставка од Рашковски, ниту пак повика на истрага.

Зоран Заев го амнестираше и Кочо Анѓушев, кој во екот на преговорите со Грција ја продаде својата фирма ЕДС на грчкото електростопанство.

Зоран Заев го аммнестираше и Оливер Спасовски, кој преку оглас додели лиценци за спроведување на возачки испити на фирма на другар на Зоран Заев од Струмица.

Зоран Заев го амнестираше и Јован Деспотовски преку кој беа доделени милиони на име грантови за иновации на блиски луѓе до СДСМ.

Зоран Заев ги амнестираше и десетиците случаи на непотизам, на синови и ќерки на негови функционери вработени во јавната администрација.

Време е граѓаните да си ја вратат државата. Да ставиме крај на криминалот, корупцијата и скандалите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

Утрински Весник овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“