Утрински Весник
Македонија

Влада: Заев имаше средба со Порошенко во Давос

Влада: Заев имаше средба со Порошенко во Давос

Скопје, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Премиерот Зоран Заев имаше средба со поранешниот украински претседател Петро Порошенко во рамки на заедничкиот ручек на шефови на држави и влади на економскиот форум во Давос. Работните ручеци во рамки на форумот во Давос не се отворени за јавност и затоа не се известува со соопштение од нив.

Ова го истакнуваат од Владата за Утрински Весник во врска со објавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на неговиот фејсбук профил дека премиерот Заев не остварил средба со претседателот Порошенко во Давос на економскиот форум во јануари годинава.

-Дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот Форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското Министерство за надворешни работи. Доколку Заев навистина се беше сретнал со Порошенко во Давос, сигурно и ќе му се пофалел за долгиот телефонски разговор на Whatsapp од пред 6 месеци, ќе дознаел дека тоа е местенка, и барем следните два компромитирачки телефонски разговори немало да се случат“, пишува Милошоски на ФБ.скс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието