Утрински Весник
Македонија

Владата ќе ја одржи 144-тата седница

Теми од економијата, здравството и социјалата на 139-та владина седница

Скопје, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 144-та седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На денешната седница, како што е најавено од владината прес-служба, ќе биде разгледан Извештајот за извршените преговори со усогласен текст на меморандумот за разбирање помеѓу Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија и Бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија при Министерство за економија на Република Бугарија.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на оваа седница ќе биде разгледана Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, како и Информацијата за проширување на Програмата за наводнување на Република Северна Македонија преку обезбедување дополнителни средства од развојниот заем на Владата на СР Германија и КФВ банката.

По предлог на Секретаријатот за европски прашања на седницата ќе се разгледува и Информација за потпишување на Спогодба за финансирање помеѓу Европската комисија и Владите на Република Северна Македонија и Република Косово за Акциската програма за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово за 2018-2020 година.

Министрите во Владата на денешната седница ќе се запознаат со Информацијата за реализација на воннаставните активности во училиштата поврзани со антикорупциска едукација на учениците. цр/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Притвор за кавадарчанка која го свирепо го убила својот партнер

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза