Утрински Весник
Македонија

Владата ќе ја одржи 143-та седница

Вработените во културата добиваат зголемување на платите

Скопје, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Владата денеска ќе ја одржи својата редовна 143 седница на која меѓу другото ќе биде разгледана Информацијата за текот на преговорите за натамошна либерализација на трговијата со земјоделско – прехранбени производи по договорот за слободна трговија меѓу Северна Македонија и Украина.

Како што информираат од владината прес-служба, на предлог на Министерството за правда, Владата на  на оваа седница ќе донесе одлука за Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за правосудниот испит.

Владата на денешната седница ќе биде информирана за Извештајот за извршените преговори за склучување на Протокол помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе, што го подготвува Министерството за внатрешни работи.

Министерството за економија на оваа седница ќе ја презентира Информацијата во врска со работата на работната група за координација и следење на процесот на измените на Договорот за основање на енергетската заедница, а Министерството за труд и социјална политика ќе информира за имплементацијата на Акцискиот план за вработување 2018-2020 година.

На предлог на Министерство за образование на 143-тата седница на Владата ќе биде разгледана и информацијата за „Средношколско демократско организирање“, за „Сеопфатно сексуално образование“ и за „Студентско демократско организирање“.скс/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром