Утрински Весник
Македонија

Владата партнер на Меѓународниот саем за стопанство во Тешањ

Владата партнер на 15. Меѓународен саем за стопанство во Тешањ

Скопје, 13 јуни 2019 (/) – Владата на Северна Македонија е партнер на 15. Меѓународен саем за стопанство што ќе се одржи од денеска до 16 месецов во Тешањ, Босна и Херцеговина, на кој се најавени околу 300 излагачи, претставници од бизнис-заедницата на државите од регионот, од Европска Унија, меѓународни организации, дипломатски претставници…

Според најавата од владината прес-служба, саемот ќе го отвори министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ.

Во програмата на саемот, со цел зајакнување на соработката, трговско поврзување, како и размена на искуства, информации и добри пракси во земјите од регионот, предвидени се панел-дискусии, тематски предавања, презентации и Б2Б-средби. лв/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шаќири: Наставниците се најважната алка во едукацијата на децата

Двајца мажи измамиле и одзеле пари од жител од гостиварско

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми