Утрински Весник
Македонија

Владата донела 14 одлуки за разрешувања, се разгледуваат уште најмалку десет

Владата донела 14 одлуки за разрешувања, се разгледуваат уште најмалку десет

Скопје, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Донесени се 14 одлуки за разрешувања од функции рамки на реконструкцијата,  а уште најмалку десет треба да се донесат, соопшти премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

– Не е само да се разрешува, туку треба и  да се разговара со потенцијални кандидати дали се нафаќаат на функцијата. Кога ќе ги завршиме овие разговори, ќе ги соопштиме одлуките, рече Заев.

Владата денеска има закажано седница, а смените ќе ги разгледува и на наредната седница идната недела. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8