Утрински Весник
Македонија

Владата ги задолжи органите на државната управа јавно да ги објавуваат податоците за јавните набаки

Владата ги задолжи органите на државната управа јавно да ги објавуваат податоците за јавните набаки

Скопје, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Владата на денешната седница ги задолжи сите органи на државната управа на своите интернет страници, или ако немаат своја, на интернет-страницата на институцијата под чијашто надлежност работат, да објават линкови од објавените годишни планови за јавни набавки, огласите за јавни набавки, известувањата за склучен договор и склучените договори и известувањето за реализиран договор за 2019 година, преку автоматско преземање на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и истото да го вршат континуирано.

-Владата на РСМ ги задолжи сите органи на државната управа, согласно утврдените достигнувања во заложбата 3.2 „Можност за објавување на основните информации за јавните набавки на интернет-страниците на институциите (договорни органи во јавните набавки)“, во рок од 30 дена од усвојување на информацијата, на своите интернет страници (или ако немаат своја, на интернет-страницата на институцијата под чијашто надлежност работат) да објават линкови од објавените годишни планови за јавни набавки (и нивните измени и дополнувања), огласите за јавни набавки, известувањата за склучен договор и склучените договори и известувањето за реализиран договор за 2019 година, преку автоматско преземање на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и истото да го вршат континуирано, како што овие документи се објавуваат на ЕСЈН, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Владата оваа постапка за транспарентност на јавните набавки им ја препорачува и на единиците на локалната самоуправа. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер