Утрински Весник
Македонија

Виничанката Александра Митева по втор пат победник на уметнички Ротари конкурс во Италија

Виничанката Александра Митева по втор пат победник на уметнички Ротари конкурс во Италија

Виница, 25 јуни 2019 (/) – Дваесет и тригодишната Александра Митева од Виница по втор пат победи во финалето за избор на најдобар мозаик на уметнички конкурс на Ротари клубот во Равена, Италија.

„Тарот карта според Равена“ е темата на која е изработен мозаикот на Александра, на која конкурирале стотици уметници, а во финалето таа ја освои специјалната награда. Од страна на Ротари клубот Равена како првонаградена таа доби соодветно признание и финансиска награда.

Целта на конкурсот е да се изработи цел шпил од тарот карти во мозаик, а младата виничанка со својата изработка победи и пред две години. Покрај наградата, изработените мозаици ќе бидат изложени во Планетариумот на Равена, како и на Биеналето на мозаици што се оддржува во септември и октомври во овој град.

Митева студира во трета година на престижната Академија за уметност во Равена каде се запишала по завршувањето на средно уметничко училиште во Скопје. Во Италија добива и стипендија за школување, а нејзините успеси се зачеток на амбициозна уметничка кариера која веќе се потврди и со учество на неколку групни изложби во италијанските градови. та/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните