Утрински Весник
Спорт

„Вимблдон“: 15-годишнaтa Коко Гауф ја совлада Венус Вилијамс

„Вимблдон“: 15-годишнaтa Коко Гауф ја совлада Венус Вилијамс

Лондон, 1 јули 2019 (/) – Поранешната бр.1 во светот, Венус Вилијамс отпадна уште во првиот круг на „Вимблдон“. 39-годишната петкратна шампионка во Лондон загуби со 4:6, 4:6 од тинејџерска Кори Гауф која е најмладата тенисерка во историјата на „Вимблдон“ во „Опен ерата“, која се рангираше за главната шема.

Петнаесет годишната Американка забележа вкупно три брејка на средбата против само еден во корист на својата сонародничка, за да го затвори дуелот по само 81 минути игра од својата четврта можност при грешка за Вилијамс.

Во вториот круг Коко Гауф, која во наредните денови нема да посетува училиште поради учеството на Гренд-слем турнирот, ќе се соочи со Магдалена Рибарикова од Словачка, која ја победи десеттата носителка Арена Сабаленка (Белорусија) со 6:2, 6:4.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гут Бехрами победи во Килингтон

Тандемот од Јувентус го пропушта Камерун

Мбапе ја однесе Франција во осмина-финалето