Утрински Весник
Македонија

Викендов привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“

Викендов привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“

Скопје, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Градските власти информираат дека поради изведување комплексни градежни активности в сабота и в недела на мостот „Гоце Делчев“ ќе биде воведен привремен сообраќен режим.

– В сабота поради изведување градежни активности за реконструкција на дилатационите фуги на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од Мавровка кон Влада (исток-запад). В недела поради изведување на истиот градежен зафат на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне, ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од Влада кон Мавровка (запад- исток), се вели во соопштението од Град Скопје.

За време на привремениот сообраќаен режим ќе има пренасочување на сите автобуски линии кои поминуваат на овој потег.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот. мд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата