Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: СДСМ и Заев ветиле во пописот да наштелуваат над 32% албанско население

Пописот што го подготвува СДСМ и ДУИ ќе биде попис единствено на две партии, а не попис на сите граѓани и Република Македонија како статистичка операција,изјави портпаролот на ВМРО_ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„ Овој попис кој го турка СДСМ е политички попис, а не статистички како што треба да биде и како што е секаде во светот и во развиените земји.

За жал, ова брутално силување на оваа статистичка операција – попис, е единствено затоа што Заев има веќе договорени бројки на тоа колку жители има Република Македонија од одредени етнички заедници. Ова е цена на коалицискиот договор помеѓу Заев, СДСМ и ДУИ, кој мора да го исполни СДСМ.

Заев, СДСМ, Али Ахмети и ДУИ веќе имаат договорено и ги знаат резултатите и бројките кои што треба да ги даде резултатот од пописот. Попишувањето на население само со издиктиран матичен број на одреден човек е услов поставен затоа што Заев има ветено дека бројката на Албанци во Република Македонија според пописот ќе биде над 32% од населението.

Затоа, веќе пописот не е статистика, туку е гола политика и затоа ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на овој закон и носење нов со консензус кој ќе биде од корист на Република Македонија и граѓаните, а не на одредени политички партии, конкретно парламентарното мнозинство.

Доколку го изгласа на сила СДСМ, ние ќе собираме потписи од граѓаните за да го поништиме овој закон и да донесеме сите заедно нов закон“ порача Арсовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Последни подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи – велат од ДУИ