Утрински Весник
Македонија

Ветингот во УБК  ќе се спроведува на оние кои ќе се пријават на огласот, но и на оние кои нема да се пријават 

Кавадарци, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Ветингот во УБК  ќе се спроведува и на оние кои ќе се пријават на огласот, но и на оние кои нема да се пријават, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во Кавадарци, во врска со ветингот во УБК.

Информираше дека комисиите се формирани и треба да се работи на правилниците и подзаконските акти.

– Информацијата која ми ја даде директорот на Агенцијата за национална безбедност е дека тие се веќе подготвени и треба да поминат и на Влада. Следниот чекор е започнување на ветинг процесот. Тоа значи пријавување на оглас на сите вработени, појасни министерот Спасовски.

Тој истакна дека ветингот ќе се спроведува за сите вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање.

– Ќе се спроведува од аспект на личниот интегритет, начинот на кој работеле во Управата, степенот на образование, како напредувале во службата и на таа основа и сите тие аспекти да се донесат одлуките. За нас е важно Агенцијата да биде модерна, ефикасна, да ја штити националната безбедност, а во ниту еден случај да не биде Агенција која понатаму ќе продуцира нови политички кризи и пореметувања на општествениот систем, нагласи Спасовски. свд/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“