Утрински Весник
Спорт

Верстапен би возел заедно со својот татко на „24 часа Ле Ман“

Верстапен би возел заедно со својот татко на „24 часа Ле Ман“

Ле Ман, 20 јуни 2019 (/) – Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен не ја исклучува можноста да учествува во „24-те часа Ле Ман“ во тим со својот татко Јос, кој учествува на два пати во трката и има победа во класата „ЛМП2“.

Астон Мартин Валкири, кој е создаден со непосредно учество на Адријан Њуи, ќе учествува во трката во 2021 година, но Макс се уште не знае дали ќе го вози овој автомобил.

– Не сме разговарале тоа, но сакам да учествувам во таква трка како „24-те часа Ле Ман“. Не знам што ќе се случи. Зборував со татко ми и ако учествувам сакам да биде со него. Ми се допаѓа тоа дека учествуваат различни автомобили од различни класи, треба да успееш да се избориш и со сообраќајот, особено во текот на ноќта. Сакам да учествувам и да победам, но тоа е долго натпреварување, може да се случи сè“, прокоментира холандскиот пилот.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гут Бехрами победи во Килингтон

Тандемот од Јувентус го пропушта Камерун

Мбапе ја однесе Франција во осмина-финалето