Утрински Весник
Македонија

Величковска: Македонскиот изворен фолклор е неопходно да се зачува како културно богатство

Величковска: Македонскиот изворен фолклор е неопходно да се зачува како културно богатство

Прилеп, 6 јули 2019 (Утрински Весник) – Македонскиот изворен фолклор има посебни каратерстики во изворното музицирање и пеење, со примеси на ориенталниот и домашниот исконски изворен мелос и се проучува и мора да се зачува, рече професор Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој викендов се одржува по  45-ти пат во Прилеп и на Рудина кај Долнени.

Настанот беше во рамките на симпозиумот и промоцијата на Зборникот на научни трудови што го издаде фестивалот за јубилејното издание, а се одржа во прилепскиот Дом на културата „Марко Цепенков“.

Според Величковска, симпозиумот и научните трудови во Зборникот ги потврдуваат констатациите за неизмерното фолклорно македонско богатство.

– На симпозиумот учествуваат еминентни етномузиколози, етнокореографи и научни работници во изучувањето на карактеристиките на изворниот фолклорен мелос во Македонија. Трудовите на повеќе теми, од изворното пеење, од влијанието на ориенталната изворна музика, од традициите на чалгиската градска изворна музика, од спојот на изучувањето на македонскиот јазик пред странците при проучувањето на фолклорот, од влијанието на Фестивалот за развојот на фолклорната дејност, улогата на единствениот Институт за фолклор „Марко Цепенков“ во земјава, сето е значајно за новите научни проучувања за богатиот изворен мелос, рече Величковска.

Симпозиумот и промоцијата на Зоборниот за „Фолклорот во минатото и денес“ се голем придонес за научната мисла при восприемањето на фолклорната традиција.

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ синоќа беше свечено отворен во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, а вечерва на Рудина кај Долнени е втората фестивалска вечер со доделувањето на наградите на најуспешните изведувачи на изворниот мелос од сите краишта на земјава. Фестивалот ќе ги додели Гран при наградата за најдобри изведувачи и „Гајдата на Пеце“ на најуспешниот гајдаџија.

Во рамки на Фестивалот се одржа и петдневен семинар на кој тринаесетина млади на теренот ги изучуваа и ги проучуваа фолклорните традиции. ем/мс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шаќири: Наставниците се најважната алка во едукацијата на децата

Двајца мажи измамиле и одзеле пари од жител од гостиварско

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми