Утрински Весник
Македонија

Велешки ЈКП „Дервен“ наскоро со нов озонатор за филтер станицата за вода и нова механизација

Велешки ЈКП „Дервен“ наскоро со нов озонатор за филтер станицата за вода и нова механизација

Велес, 18 јуни 2019 (/) – ЈКП „Дервен“ набави озонатор за водата за пиење во Филтер станицата, вреден околу 200 илјади евра со средства кои Општина Велес ги доби од Владата за исплата на долговите, а тие му ги вратија на јавното претпријатие на кое најмногу му должеа. Наскоро треба да биде монтиран и да го земени сегашниот дотраен 30 години стар озонатор.

Со поставување на новиот озонатор многу ќе се подобри квалитетот на водата која во своите домови ја пијат велешани, порача градоначалникот Аце Коцевски.

-Очекувам во наредниот период да се реши проблемот со непостојниот СКАДА систем за да нема загуби на вода и да нема пукање на водоводните цевки. Исто така, во тек се и постапки за набавка на нова механизација – нови возила како трактори со соодветни приклучоци, а ќе бидат распишани и повици за купување на барем седум камиони за собирање на цврстиот комунален отпад. Воедно ќе се набави и нова електрична метларка за метење на градските улици, со што ќе се заштеди на работна сила, а тие вработени во ЈКП „Дервен“ ќе се ангажираат за хигиената  во другите области, најави Коцевски.

Појасни дека општината заедно  со ЈКП „Дервен“ планираат  да ги заменат, односно да реконструираат три важни градски водоводни линии и сега постојните азбест-цементните цевки да ги заменат со нови со кои ќе се подобри квалитетот на водата за пиење на три велешки улици.

Коцевски  оцени  дека во последниве месеци ЈКП „Дервен“ многу ја подобрил  хигиената во градот, а за тоа општината добила пофални коментари од бројните посетители и туристи.

Тој  воедно информира дека во тек е постапката која ја води Министерството за транспорт и врски за распишување на јавна набавка за реконструкција на седум водоводни и канализациски линии на улици низ градот, што треба да заврши пред почетокот на август.

При крај се, како што кажа, и подготовките за распишување тендер за изградба на водоснабдителниот систем за селото Раштани и за селото Бузалково со две прeпратни станици, што се очекува да почне во септември. ад/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран