Утрински Весник
Македонија

Велешките основци собраа еден тон пластична амбалажа за рециклирање

Велешките основци собраа еден тон пластична амбалажа за рециклирање

Велес, 7 јуни 2019 (/) – Во рамки на проектот „Намалување на ПЕТ амбалажа“ што го реализираат Еколошкото друштво „Вила Зора“, Општина Велес и Павор ДООЕЛ со поддршка на Глобалниот еколошки фонд, собрани се еден тон пластични шишиња за рециклирање.

Во проектот се вклучени девет училишта од градот и селата. Најмногу ПЕТ амбалажа, 500 килограми, собраа учениците од ООУ „Блаже Конески“, потоа децата од ООУ „Васил Главинов“ и од ООУ „Рајко Жинзифов“ од село Горно Оризари.

-Главната цел на проектот беше едукација за подигање на јавната свест на учениците со собирање, селектирање и рециклирање на ПЕТ пластичен отпад за што се одржаа повеќе едукативни предавања.Со тоа тие веќе научија и практично како да ја зачуваат животната средина, а воедно и сами да си  обезбедат финансиски средства за различни активности во училиштата, изјави координаторот на проектот Весна Кочова.

Проектот вреден 30 илјади евра почна во септемви лани и ќе трае до крајот на август годинава. Во негови рамки се поставени 50 жолти контејнери за ПЕТ пластична амбалажа во девет училишта, три хотели и четири ресторани во Велес.

По завршување на проектот училиштата самите ќе продолжат со рециклирање на ПЕТ амбалажа и продавање во откупната  фирма.

Кочова најави дека на  девет локации во градот за десетина дена ќе бидат поставени уште девет жолти контејнери за ПЕТ пластична амбалажа наменети за сите граѓани. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом