Битола, 28 јуни 2019 (/) – Битолскиот ракометен прволигаш Еурофарм Работник денес го промовира своето петто засилување за новата сезона. Дваесет и деветгодишниот лев бек од Босна и Херцеговина, Марин Вегар потпиша договор до крајот на 2019/20, а во Битола доаѓа од редовите на романска Стеауа.
Во својата кариера Вегар настапуваше и за хрватскиот Нексе Нашице и за босанскиот Извиѓач.
Претходно за Еурофарм Работник потпишаа Никола Митревски, Мартин Велковски, Бојан Маџовски, и Анже Ратајац. За разлика од минатата сезона клубот го напуштија Мемиќ, Кузмановски и Крстевски.
Битолчани за ривали во групата Ц на Лигата на шампионите ги добија шведскиот Савехоф, словачки Татран, финскиот Кокс, шпанска Бидасоа Ирун и португалскиот Спортинг. зс/