Утрински Весник
Спорт

Ван Дајк фаворит за „Златната топка“ според букмејкерите

Ван Дајк фаворит за „Златната топка“ според букмејкерите

Ливерпул, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк е новиот фаворит за освојување на „Златната топка“.

Ова е потврдено од променетите коефициенти на некои букмејкери во последниве денови кои ги ценат шансите на Холанѓанецот да го подигне престижниот трофеј на 1.90.

Во меѓувреме, шансите на Лионел Меси се 2,75, додека Мохамед Салах е трет со шанса од 6,50.

Ван Дајк одигра одлична сезона со тимот на Ливерпул и беше во срцето на освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите. Тој, исто така, одигра силни натпревари во Премиер Лигата, и додека неговиот тим беше награден со сребрените медали, Холанѓанецот ја доби награда за најдобар играч во Англија.

Ван Дејк, исто така, одигра силно со холандската репрезентација со која играше во финалето во Лигата на нациите, но загуби од Португалија.

Ако ја освои Златната топка, тоа ќе биде првиот триумф на еден одбранбен играч од 2006 година, кога трофејот го зеде Фабио Канаваро.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Браќата Вилијамс го кренаа Билбао на третото место

Олимпик Марсеј на врвот на француската лига

Мусијала ги инспирираше Баерн за прекинување на лошата серија