Утрински Весник
Македонија

Ванчева Калевска: Не смее да има недопирливи за правдата

Ванчева Калевска: Не смее да има недопирливи за правдата

Скопје, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Вчерашниот ден покажува дека нема недопирливи и не смее да има недопирливи на правдата, изјави денеска пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калевска.

– Секогаш кога постои основано сомнение за сторено кривично дело обвинителството е должно да постапува согласно своите надлежности, а доколку таквите основани сомненија се преточат во обвинителен акт којшто ќе стигне во судот, судот секако треба да постапува. Што и како понатаму ќе се одвиваат работите околу овој случај, ниту сакам, ниту можам, ниту би било во ред да коментирам, бидејќи тоа е нешто кое што е строго согласно Уставот надлежност на третата власт, односно судската власт, рече пратеничката во врска со случајот „Рекет“.

Ние како парламентарци и јас како дел од парламентарното мнозинство, додаде таа, можам само да кажам дека навистина се надевам и верувам дека иднината ќе покаже дека Македонија, нашата држава може и мора да се справува со сите предизвици вклучително со предизвикот на загрозено владеење на правото.

– Тоа беше ветување на СДСМ и коалицијата за враќање на довербата на граѓаните, за темелите на државата коишто беа загрозени да бидат цврсто бетонирани и конечно да говориме за навистина непречено владеење на правото, рече пратеничката Ванчева Калевска.

Според неа, секој треба да си ја работи својата работа и секој има индивидуална одговорност, колективна може да биде политичката одговорност, но кога станува збор за кривична одговорност тогаш тоа секако има име и презиме и мора да биде индивидуализирано. ев/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер

ВМРО-ДПМНЕ: Дали компанија од соларниот картел на Ковачевски со државна помош гради фабрика за панели кои потоа ќе ги продава на ФЕЦ Осломеј

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги деблокира законите за енергетика и за помош во време на криза