Утрински Весник
Македонија

Вандализам на пешачката патека кај реката Брегалница во Штип

Вандализам на пешачката патека кај реката Брегалница во Штип

Штип, 20 јуни 2019 (/) – Вандали во континуитет ги уништуваат канделабрите на пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, информираше директорот на ЈП „Стипион“, Сашко Протогеров.

Тој на прес-конференцијата истакна дека екипите на ЈП „Стипион“ во текот на денот ги поставуваат сијалиците и канделабриите, а во текот на ноќта некој ги крши.

– Ова место веќе подолго време е цел на деструктивно однесување на група граѓани од нашиот град. Во последниот месец веќе трет пат интервенираме со замена на сијалици и кандалабри кои после неколку дена повторно се искршени, вели Протогеров.

Тој апелира до граѓаните доколку забележат дека некој намерно ги крши светилките и канделабриите веднаш да пријави во полиција.

– Апелираме да се престане со ова однесување со цел нашите активности да ги насочиме кон останатите делови од градот. Напоменуваме дека секоја настаната штета е на грбот на граѓаните на град Штип, вели Протогеров.

Пешачката патека е единственото место за прошетка и релаксација на штипјани за време на летните горештини, но и место за рекреација. Таа особено е посетена во ноќните часови, но многумина, веќе ја избегнуваат, токму поради искршените светилки и мракот. За да се стави крај на вандализмот, од ЈП „Стипион“ најавуваат поголем надзор, поставување на камери, но и поголемо полициско присуство во овој дел. вдј/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом