Утрински Весник
Македонија

Валандово е домаќин на традиционалната ликовна колонија

Валандово е домаќин на традиционалната ликовна колонија

Гевгелија, 27 јуни 2019(/) – Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов денеска приреди прием за 14 уметници кои неколку дена учествуваат во работата на 24-та традиционална ликовна колонија „Валандово 2019“, за да им изрази благодарност за нивното учество и да им посака успешни креативни денови.

На ликовната колонија во Валандово годинава учествуваат уметници од Бугарија,Турција,Шведска,Албанија,Србија, Косово и од нашата земја, кои на неколку локации во градот ќе насликаат триесетина дела во техниката акрил на платно.

Низ годините на ликовната колонија досега се создадени стотици уметнички дела со непроценлива вредност кои останаа во сопственост на Домот на културата во Валандово. И делата од оваа сесија,по нејзиното завршување в недела, ќе останат во сопстеност на Домот на културата. им/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ