Утрински Весник
Спорт

Вавринка рано елиминиран од „Вимблдон“

Вавринка рано елиминиран од „Вимблдон“

Лондон, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Стен Вавринка беше елиминиран од „Вимблдон“ по поразот во пет сета од Рајли Опелка – 7:5, 3:6, 4:6, 6:4, 8:6 по 3 часа и 16 минути игра.

Американецот на тој начин се пласираше во третиот круг, каде го чека победникот од судирот меѓу Робин Хасе и Милош Раониќ.

Бр.22 во шемата, пак Вавринка се приклучува на Стефанос Циципас и Александар Зверев кои веќе ги напуштија терените на „Ол Ингланд Клаб“ уште во првиот круг.

Данил Медведев, Беноа Пер, Јиржи Весели и Давид Гофен продолжуваат во третиот круг по денешните победи.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меси: Мбапе е ѕвер, со Нејмар имам посебен однос

Јовиќ се враќа во Црвена звезда

Фински новинари во опрема за нуркање се јавија од теренот во Подгорица