Утрински Весник
Спорт

Буфон може да го смени Касиљас во Порто

Буфон од ПСЖ добил понуда за нов договор

Порто, 11 јуни 2019 (/) – Португалскиот гигант Порто е заинтересиран за голманот Џанлуиџи Буфон, кој е слободен агент по напуштањето на Париз Сен Жермен.

Според „Тутоспорт“, Буфон е една од опциите за замена на Икер Касиљас, кој најверојатно ќе ја заврши својата кариера по добиеиот срцев удар пред повеќе од еден месец

За легендарниот Буфон, исто така, заинтересирани се Парма, Аталанта, Барселона, Лацио, Џенова, Бреша и Флуминенсе.

Минатата сезона, 41-годишниот италијански голман одигра 17 натпревари во француското првенство и прими 18 гола.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уште еден премиерлигаш добива американски газда

МЗТ Скопје преку ТФТ до петта титула од Суперкупот

Сестрата на Роналдо контра Португалците: Вие сте болни, бездушни, глупави и бескрајно неблагодарни