Утрински Весник
Македонија

Бубевски: Нема пречки Јанева да биде вршител на должноста

Бубевски: Нема пречки Јанева да биде вршител на должноста

Скопје, 26 јуни 2019 (/) – Не гледам пречка во тоа, шефицата на СЈО Катица Јанева да биде вршител на должноста додека законот се уште е во сила, истакна специјалниот јавен обвинител Гаврил Бубевски оговарајќи на новинарско прашање пред завршната конференција за реформите во правосудството од Блупринт групата.

– За било кој друг од внатре не гледам можност по Законот за специјално јавно обвинителство, затоа што тимот го избира специјалната јавна обвинителка. Но, меѓутоа, со толкување на одредбите од Законот за Јавно обвинителство за СЈО не е забрането да има, барем додека законот е во сила, односно уште една година да биде вршител на должноста. Не гледам пречка во тоа, рече Бубевски.фф/

Завршна конференција на Проект за “Правда”- заедничка акција за следење на судските реформи и застапување за нивно спроведување

Posted by MИА.mk on Петок, 28 јуни 2019

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мртво тело најдено покрај Лепенец во Орман

Две лица ограбени во Градскиот парк

Градежник почина во зграда во изградба во Илинден