Утрински Весник
Спорт

Бразил убедлив против Хондурас, хет-трик на Жезус

Бразил убедлив против Хондурас, хет-трик на Жезус

Порто Алегре, 10 јуни 2019 (/) – Бразилската фудбалска репрезентација го победи Хондурас со 7:0 синоќа во пријателски натпревар одигран на домашен терен.

Дуелот во Порто Алегре го одбележа Габриел Жезус со три постигнати гола. Стрелци на другите погодоци беа Кутињо (пенал), Нерес, Фирмино и Ришарлисон.

Бразил се подготвува за настап на претстојното издание на Копа Америка на кое домаќини ќе бидат токму „кариоките“. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Швајцарија ги искористи сите „дупки“ во одбраната на Србија за осминафинале, Камерун прв го победи Бразил!

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Роналдо откако се откажал од 16 милиони фунти од Јунајтед пратил порака: Слободен како птица