Утрински Весник
Спорт

Бразилецот Гомес потпиша за Работнички

Бразилецот Гомес потпиша за Работнички

Скопје, 2 јули 2019 (/) – Бразилскиот фудбалер Јаго Виторино Силва Гомес е нов член на Работнички. Тој со клубот од „Градски парк“ потпиша едногодишен договор  со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.

Јаго Гомес пристигна во Скопје и веќе му се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Александар Влахо во тренажниот процес, соопштија од Работнички.

Дваесет и шестгодишниот Бразилец ќе ја засили конкуренцијата во нападот. Тој игра како класичен напаѓач, а може да одговори на задачите и на десната крилна позиција.

Претходно настапуваше за португалскиот третолигаш Армасененсес, каде минатата сезона одигра 35 натпревари и постигна 11 гола. Младинските категории ги минал во школата на Фламенго, а потоа кариерата ја гради во Португалија, во клубовите Фаренсе, Лулетано, Лагоа, Фаро, Луситано и Армасененсес. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Швајцарија ги искористи сите „дупки“ во одбраната на Србија за осминафинале, Камерун прв го победи Бразил!

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Роналдо откако се откажал од 16 милиони фунти од Јунајтед пратил порака: Слободен како птица